Итна помош · Скопје

Забоболка? Јавете се, ќе ве примиме.

Силна забоболка, оток, скршен заб или испадната пломба не треба да чекаат. Јавете се и ќе ве примиме приоритетно, ќе ја смириме болката и ќе ви објасниме што понатаму.

Што може да предизвика забоболка

Најчесто болката доаѓа од кариес што стигнал до нервот (пулпата) на забот, од воспалено непце, од пукнат заб или од умник што нема место. Острата болка на ладно и слатко обично значи помал проблем; болката што пулсира, буди ноќе или не престанува, значи дека забот бара стручна интервенција што поскоро.

До прегледот

Исплакнете со млака солена вода, избегнувајте многу топла или ладна храна и не џвакајте на таа страна. Не ставајте аспирин директно на непцето — ја гори слузницата. Ако имате оток, ставете ладна облога однадвор на образот.

Кога е итно

Јавете се веднаш ако имате:

  • оток на образот, вилицата или под окото
  • температура заедно со забоболка
  • отежнато голтање или отворање на устата
  • скршен или избиен заб по удар
  • крварење што не престанува по вадење заб

Што правиме кај нас

Прво ја наоѓаме причината: преглед и, каде што треба, дигитална рендген снимка за неколку секунди. Потоа ја смируваме болката — најчесто со лекување на каналот (ендодонција), пломба или дренажа на воспалението — и ви кажуваме јасно кои се можностите, со цел природниот заб да се зачува. Вадење препорачуваме само кога забот навистина не може да се спаси.

Чести прашања

Забоболка — чести прашања

Може ли да дојдам истиот ден ако ме боли заб?
Да. Јавете се на 02 3237 456 или 02 3290 109 и кажете дека имате болка — пациентите со болка и оток ги примаме приоритетно.
Дали забоболката може сама да помине?
Понекогаш болката стивнува, но причината останува: нервот може да одумре и инфекцијата да продолжи без болка, па подоцна да се појави оток. Затоа е добро забот да се прегледа и кога болката ќе престане.
Дали ќе мора да се вади забот?
Најчесто не. Со лекување на каналот (ендодонција) повеќето заболени заби можат да се зачуваат. Вадење е последна можност.
Каде се наоѓате?
На Киро Крстевски Платник 18, Скопје. Работиме од понеделник до петок од 10 до 20 часот и во сабота од 10 до 14 часот.

Спремни сте да започнете?

Закажете лична консултација — заедно го создаваме вашиот план за третман.

Јави се Закажи