Нашата приказна започна во 1992 година, Стоматолошката ординација ДИЛЕВСКИ е една од првите приватни стоматолошки ординации во Северна Македонија. Основана од Д-р Славе Дилевски Специјалист за болести на уста и заби, еден од доајените на современата стоматологија во Северна Македонија, кој своето долгогодишно клиничко искуство и работа како врвен доктор го примени во областа на стоматологијата како основа за работата на оваа здравствена установа!
Долгогодишната традиција и огромното искуство на лекарите во ординацијата гарантираат високо професионално, безбедно и современо лекување и превенција на болести на устата и забите. Тоа го потврдуваат големиот број на постојани пациенти кои ги стекнавме во нашите 30+ години работа. Нашата главна цел се задоволни, здрави и насмеани пациенти!
Стоматолошката ординација ДИЛЕВСКИ во своето повеќедецениско постоење ја потврдува својата компетентност и стручност во својата работа, издигнувајќи ги истовремено на највисоко ниво грижата за своите пациенти и нивното орално здравје. Приоритет на ординацијата е обезбедување максимална грижа за оралното здравје, убава и светла насмевка на нашите пациенти, притоа следејќи ги најсовремените трендови и методи на лекување во стоматологијата. Здравствената установа е модерно опремена и совршено ги задоволува сите технички и хигиенски стандарди!
СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА ДИЛЕВСКИ
Киро Крстевски Платник Бр.18, 1000 Скопје
Тел. +389023237456 Тел. +389023290109 +38971371681
Copyright © 1992 Ordinacija Dilevski - All Rights Reserved.
Powered by ORDINACIJA DILEVSKI
Оваа веб страна користи колачиња за анализа на промет на веб страната, со цел оптимизација и подобрување на вашето искуство при сурфање. Со давање на согласност за користење на колачиња, вашите информации ќе бидат собирани исто како информациите на другите наши корисници.